31.10

Нашиот корен од кој ќе црпиме инспирација...

Искрено се надевам дека сите ние ќе бидеме дел од вашиот тим на успешни стории, а Вие нашиот корен од кој ќе црпиме инспирација

Методот на учење и дружењето на самата обука мене ми причинуваа вистинско задоволство. Очекувањата при запишувањето ми беа навистина високи, но достигнувањата ги надминаа. Вештините со кои несебично го споделивте Вашето знаење и искуство со нас, ми го олеснија процесот на совладување на материјалот и при тоа збогатување на моето знаење.

 Бевте неуморни во повторувањето на нештата кои нам ни изгледаа научна фантастика, но крајниот резултат покажа дека вашиот труд роди наш успех. Искрено се надевам дека сите ние ќе бидеме дел од вашиот тим на успешни стории, а Вие нашиот корен од кој ќе црпиме инспирација.

Ивона-Здравје Радово

Оваа обука допринесе многу за мојот личен развој од аспект на знаењето што го стекнав. Особено сум задоволна од методот на учење кој навидум изгледа многу едноставен и лесен, но крајниот резултат укажува на тоа дека сите вложивме многу труд, како заеднички, така и индивидуално. Придобивките од обуката ги почувствував и на праксата која истовремено ја посетував, односно значително ми беше олеснета работата во сметководственото биро. Без паралелното знаење кое го стекнував во Нова Консалтинг ќе ми беше потребно многу повеќе време за буквално да навлезам во основата на сметководството.

Од аспект на методот на учење, јас би ви препорачала ништо да не менувате, а заедно со Вашиот личен пристап, тоа е токму таа комбинација која на сите ни донесе успех. 

Ја препорачувам Нова Консалтинг на сите оние кои имаат интерес ефективно да го искористат времето и за релативно краток период да стекнат многу знаење.

-Ивана 

 

 

Како студент на департман сметководство и ревизија, се запишав на оваа обука со цел да се стекнам со практични вештини кои би го дополниле она што во теорија го изучуваме на студиите. Ваквите очекувања не само што ги исполни, туку со професионалната организација на оваа обука преку едноставни практични примери, домашни задачи и материјали, моите очекувања набрзо беа надминати. Професорката Критина Тилиќ е толку вешта во пренесување на знаењето што буквално се роди желба кај сите нас да се вклучиме и активно да се заинтересираме. 

Нејзиното импресивно искуство и леснотија во објаснување за мене претставува мотив за натамошен личен развој во оваа област. 

Концептот на наставата е одлично осмислен со достапност на материјали, изработка на проекти, технологија, но и многу дружење. На оваа обука запознав колеги со кои верувам дека ќе одржиме еден убав контакт.

-Вања, Студент на департмант сметководство и ревизија на факултетот Кирил и Методиј

  



За целокупната организација, методи, подготвеност на предавачот, имам само позитвни критики. Со наставата опфатено е буквално се она што е потребно еден почетник-сметководител да знае во пракса. Кристина Тилиќ е одличен предавач кој успеа да допре до секој од нас. На нејзините предавања владее позитивна енергија која придонесува за ефективност во учењето, а на паузите владее многу убаво дружење. 

Задоволство ми е да кажам дека на оваа обука стекнав многу знаење, единствено ми е жал што порано не се информирав за истата бидејќи порано ќе ми помогнеше во мојата работа.

Интересно е и за пофалба кон предавачот дека искуството што го стекнав тука ми разбуди желба и амбиција за понатамошна едукација во оваа област.

-Јасмина, администрација, Нет електроникс

  



За оваа обука се информирав преку препорака од пријател. По започнувањето и самата се уверив дека пофалните зборови не биле залудно кажани. При уписот на обуката имав основно, односно минимално познавање во сметководството, но денес, по завршувањето можам гордо да кажам дека располагам со големо знаење кое верувам дека ќе ми го олесни процесот во барање работа. Импресииите од оваа обука најмногу се должат на позитивната предавачка Кристина Тилиќ, на добриот тим од колеги, на стекнатите знаења и убавото дружење.

-Билјана , невработена




Голема благодарност од мојот ментор Кристина Тилиќ за се’ што ме научи и за мотивацијата која ја поттикна во мене. Имав чест да работам и учам во тим со прекрасни, успешни и надежни сметководители. Се стекнав со знаење и искуство кои ќе ми користат на понатамошниот пат кон исполнување на моите цели и градење на успешна кариера.

Поминавме два прекрасни месеци, исполнети со нови знаења, позитивна енергија и успеси.

Ми беше чест и задоволство што соработував со Кристина и со колегите од мојот тим. Срдечно ја препорачувам обуката на секој кој има за цел да го продлабочи своето знаење и да се стекне со прекрасно искуство кое несомнено ќе му биде од големо значење во градење на својата лична кариера.

-Кристина 




Ми беше особено задоволство што се пријавив на оваа обука, бидејќи по започнувањето веднаш ја почувствував користа и придобивките.

Предавањата спроведени од страна на професорката Кристина беа секогаш интересни и полни со нови содржини преку кои сите научивме многу.

Се надевам дека во брзо време ќе имам прилика да го применам стекнатото знаење во фирма која ќе ми го овозможи тоа. Пристапот на учење ги исполни моите очекувања и допринесе за мој личен развој.

-Анѓела, РСМ Македонија, ревизорско друштво