05.05

Идеални кадри: млади, а стручни!

Дали неформалното образование има тенденција да го замени формалното?

Верица Тодорова, инаку Финансов Менаџер во “Мусала Софт”, ова прашање го образложи од аспект на млад кадар кој се стреми кон висока работна позиција, но и од аспект на работодавец.

“Работам како Финансов Менаџер во “Мусала Софт”, ИТ компанија. За да стигнам до оваа позиција, мојот кариерен пат се состоеше од надоградување на моето работно искуство, но истовремено и надоградување на моето знаење. Паралелно посетував магистерски студии и тренинг обуки во Нова Консалтинг и Едукација. 

На прашањето каква корист имав од стекнатото знаење од формалното наспроти неформалното образование, одговорот е многу едноставен. 

Она што сме го научиле за време на конвенционалните студии е само темел врз кој допрва треба да се градат циглите. Градењето на нашата личност се чини дека е исто како градење куќа. Знењето стекнато на факултет се нашите цврсти темели, но она што ќе не изгради во личностите кои сакаме да бидеме, е контиунираното надоградување на тоа знаење. 

По завршување на формалното образование се соочуваме со предизвикот за економска независност и пронаоѓање на сопствено место во општеството. Во динамичниот свет во кој што живееме, овој процес бара од нас упорност, жртвување, вложување во сопствени капацитети, лична и професионална надградба.

Тренинг обуките се тие кои ги развиваат нашите практични вештини кои буквално веднаш можеме да ги примениме во работата и да постигнеме подобри резултати. И тоа е нешто што денес работодавците го бараат. 

Работодавците бараат идеални кадри: млади, а стручни!

Како менаџер сум имала можност да спроведам многу интервјуа за работа, па од искуство ќе кажам дека пазарот на кадри во Македонија има сериозна потреба од стручност и практични вештини за примена на знаењето што кандидатите го имаат.”

- Верица Тодорова, финансов менаџер, Мусала Софт