11.12

Обука која те наградува со постигнатите резултати!

Валдет Садику, збоурува за нејзините импресии од обуката

За обуката :

Обуката за мене беше еден предизвик каде што требаше да вложам повеќе време. Имавме квалитетни часови, интензивна и напорна работа, која те мотивира да го дадеш најдоброто од себе која на крај се наградува со конкретни постигнати резултати.

На почеток мислев – ‘‘ Ова работа е тешка за мене‘‘, бидејќи ми недостасуваше знаењето и искуството, но со практика сето тоа што тука го научивме ми се пренесе во моето знаење. Сега се е поинаку, максимално сум мотивирана да работам на ова област и да постигнам најдобри резултати во Сметководство. 

Од ова обука научив како да ја извршам работата со голема одговорност и прецизност и во иднина да бидам успешна Сметководителка.

За Професорката : Професорката беше многу разбирлива, конкретна, стриктна, и секогаш спремна да соработува со нас, нејзините предавања беа како да ни го пренeла целото нејзино знаење и  долгогодишнo работно искуство кај нас.


А јас, Кристина, нејзин професор и ментор, два, три збора за Валдет: 

Валдет е посебна - трпелива, трудољубива, срамежлива, дури и не чувствуваш дека е присутна, а сепак го полни просторот со позитивна енергија. И честитам од срце за вложениот труд и за за постигнатиот резултат. 

И само така Валдет, со голема упорност и работа се постигнуваат резултати!

Нова консалтинг, 12.12.2023