13.09

Ќе се зголеми ли економскиот стандард на вработените!

Дали новиот предлог-закон ќе ја оствари целта за која е донесен?

Предлог-закон: Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во кој може да види кои работодавачи ќе имаат право на субвенции, како и дека минималниот праг за субвенционирање е зголемување на платата од 600 денари.

Кој ќе може да го користи субвенционирањето?

Субвенционирање на придонеси може да користи:

  • работодавач кој: има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно со членовите 477,477-а, 552-а и 552-б од Закон за трговски друштва и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси“, и
  • работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период.

„Референтен период“ се три календарски месеци кои претходат на месецот за кој работодавачот прв пат остварува субвенционирање на придонесите за определен осигуреник во кои осигуреникот кој нема отсуство од работа поради привремена спреченост од работа, без оглед на остварениот број на часови на работа во референтниот период што осигуреникот ги поминал на работа кај тој работодавач;

Кој нема да може да го користи субвенционирањто?

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат:

  • органите на државната и на локалната власт,
  • фондовите,
  • јавните установи и претпријатија,
  • општините, како и
  • компании кои веќе користат субвенции за вработување по други основи.

Кој е највисок износ на субвенционирање?

„Работодавачот нема обврска да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси. Највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник. Најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник“, пишува во нацртот на предлог-законот.

Види интегрален текст од предлог-законот