23.06

Проекти за дома

Одлуката да ги надоградам моите познавања во областа на сметководството ја донесов врз база на топла препорака од познаници кои претходно го посутувале курсот и со силни впечатоци ми го препорачаа.

Темпото на предавања беше прилагодено за секој учесник во групата да може да се снајде а харизматичноста на Кристина Тилиќ ни даваше енергија и концентрација да можеме за цело време на предавањата да пристапуваме со голем интерес и внимание.
Особено ме фацинираше достапноста и вон предавањата и поддршката која ја имавме вон нивното работно време кога навечер ги изготвував проектите за дома.

Доколку некој се двоуми топло му препорачувам да стапи во контакт и пред да донесе одлука да присутвува на едно предавање од Кристина и да се увери во концептот на часот и начинот како е структуиран. На крајот знаењата, ефективноста и ефикасноста во откивање на сметковоствените проблеми ќе Ви биде на високо ниво.

Нова консалтинг Ви благодарам и ви посакувам успех! 

-Тони Коггинс, Координатор во сметководство, Винер АД Скопје