Размислувате за обука? Погледнете што велат нашите учесници
Филип Партинов економист, Шпаркасе Банка
„Голема благодарност пред сè до Кристина, како и до Нова Консалтинг. Обуката беше прекрасно искуство исполнето со позитивна енергија и практичен пристап кон сметководството како занает.
Посветеноста, енергијата и индивидуалниот пристап кон секој учесник, се на исклучително високо ниво. Искрено верувам дека подобра услуга и повисок квалитет е тешко да се најдат.
Кристина е пример за професионалец со искрена љубов не само кон професијата, туку пред се кон луѓето, со силен ентузијазам и несебичност во пренесување на знаењето.
Обуката ми даде јасна основа и разбирање за целиот процес на сметководство, но уште поважно – знаење кое е темелно и логично поставено.
Севкупно, навистина вредно и инспиративно искуство.“

Симона Станоевска
економист, Агенција за времени вработувања ЕСИ
Секој час од обуката беше огромен бенефит за мене – секогаш заминував со ново знаење и ново искуство.
Благодарна сум што бев дел од оваа обука, бидејќи навистина научив што значи сметководството, благодарение на Кристина како предавач која несебично и посветено го пренесува своето знаење.
Од срце ја препорачувам оваа обука на сите кои сакаат да навлезат подлабоко во суштината на сметководствените процеси и да имаат вистински лидер и ментор пред себе.

Снежана Блажевска сметководител, ТДА Траде – Скопје
За време на курсот стекнав значајни знаења од областа на сметководството, особено во делот на книжење, фактурирање и пресметка на ДДВ. Практичниот дел и проектите имаа клучна улога во разбирањето на материјалот и неговата примена во реални ситуации.
По завршувањето на обуката се чувствувам посигурно и подготвено за работа во сметководство.
Особено ми се допадна начинот на кој Кристина ги објаснува темите – јасно, посветено и со искрен ангажман во пренесување на знаењето.
Воедно, обуката овозможи и пријатна атмосфера, нови познанства и одлична дружба. Ја препорачувам на сите кои сакаат да стекнат практични знаења и да се усовршат во оваа област.

Дата, 04/18/2026