Билјана Грибовска, економист, вработена во Кобил - Битола го споделува своето искуство од обуката
Почитувана Кристина,
Пред се сакам да Ви се заблагодарам за Вашиот ангажман и несебична преданост да го споделите Вашето знаење и искуство со сите нас.
Беше големо задоволство да се присуствува на вашите предавања и слободно кажувам дека со нетрпение ги очекував понеделниците и средите.
Предавањата во голема мера ќе ми недостигаат, бидејки секогаш имаше да се научи нешто плус, секогаш имаше нешто да се до-дефинираа, секогаш некоја ситуација која треба да се поврзи со друга.
Иако обуката започна во период на завршни сметки, барем јас не ја почуствував напнатоста и истоштеноста што вообичаено секој професионалец ја има макар и во најмала доза кога треба да се припремаат завршните сметки и финасиските извештаи. Напротив ви благодарам Кристина за енергијата и динамиката која ја внесовте. Се надевам дека и јас лично го дадов мојот соодветен одговор бидејки и јас бев и лично и професионално ангажирана.
Околу мојот, со цело срце, коментар за обуката :), повелете следното:
Обуката во ПКФ Нова Конслатинг е вредно и важно искуство за секој кој има потреба од професионална надградба или преквалификација.
Без разлика дали се работи за почетник или искусен професионалец во областа на административно- сметководствени работи, курсот е одлично структуиран и во исто време претставува цврста основа и надоградување.
Кристина Тилиќ е одличен едукатор со непроценливо искуство, која успева своето знаење за релативно кратко време да го пренесе на многу ефективен, конкретен, прагматичен и применлив начин.
Со задоволство би била дел и од следните обуки!

Билјана Грибовска, економист, Кобил ДООЕЛ – Битола