04.08

Тестови, домашни, проекти...

Доколку сакате да се стекнете со брзо основно познавање на финансиското сметководство или да ги освежите Вашите знаења од минатото, токму Нова Консалтинг е вистинскиот избор. 

Предавањата се водени од високо стручен, професионален аналитичар кои своите познавања ги стекнал врз основа на практично искуство. 

Часовите без многу добро организирани со пауза и максимално почитувано работно време. Многу сум задоволен од стекнатиот успех со оглед на времето што можев да го посветам на учењето.

-Милан, инспектор во Финансиска Полиција на РСМ


Пред се добра соработка, комуникација и организација. 

Активни часови во насока на обработка на материјалот, дијалог постоење помеѓу сите учесници и давање  на можност од страна на Кристина слободно да си кажеме што не ни е јасно и моменти кога се објаснуваа ситуации и по повеќе пати.... МНОГУ ПОЗИТИВНО.

Додека се работи на час, нема прекинување и зборување..... Одлично!

Тестовите, домашните и проектот придонесоа многу, и се една од клучните работи. Успехот да се постигне треба повторување и учење дома.

-Сенка, финансов сектор, Винер осигурување


Оваа обука за мене како некој што немаше многу познавање од областа на сметководството беше многу корисна, бидејќи преку оваа обука успеав да научам многу работи од оваа област и да најдам работа како сметководител во успешно финансиско друштво. Часовите беа многу корисни и многу корисни и многу интересни за мене. 

Кристина е одличен предавач и се труди нејзиното знаење да го пренесе на секој од нас и се залага за наше напредување во оваа област. 

Оваа обука ја препорачувам на секој којшто сака да научи сметководство, бидејќи моите очекувања од оваа обука беа целосно исполнети.

-Јасмина