05.11

Што вели Никола за тимот на Нова Консалтинг?

Како човек кој имаше многу мали познавања од областа на сметководството, пред почетокот на обуката немав речиси никакви очекувања (немањето очекувања е дел од мојот личен карактер за сите работи). На почетокот, бев изненаден од строгиот и дисциплиниран пристап за време на часовите, кој во реалната пракса даваше одличен резултат. 

Искрено, бев малку скептичен дека воопшто до крај ќе ја довршиме обуката поради пандемијата со КОВИД-19, имајќи предвид дека започнавме во февруари и потоа бевме принудени да ја довршиме обуката во септември и октомври. 

Бев на прагот да се откажам во септември и да не продолжам со обуката бидејќи немав идеја какви ќе бидат протоколите за да продолжиме. 

Тука пред се, би сакал да упатам пофални зборови за Марија која со своите одлични убедувачки способности (наоѓањето разбирање за термините кои од аспект на работата ми одговараа) ме мотивираше да не се откажам и да продолжам до самиот крај.  

Сега, по завршувањето на обуката можам слободно да кажам дека научив многу нови работи кои ќе ми бидат од огромна корист во секојдневното работење и функционирање и добив материјали во кои на едноставен начин се објаснети многу суштински работи од областа на сметководството. 

Во однос на главниот предавач Кристина Тилиќ, сметам дека го даде својот максимум за да ни го пренесе своето знаење преку практични примери и искуства. Единствена мала забелешка е тоа што со материјалот одевме побрзо од очекуваното, (последните часови беше и доста студено и свежо бидејќи бевме на отворен простор) но и за тоа имам разбирање бидејќи здравствената состојба во Република Македонија од аспект на пандемијата со КОВИД-19 беше непредвидлива и крајната цел беше да се комплетира обуката на најефикасен и најбрз можен начин. Кога ќе ја земам во предвид целосната слика, обуката ги исполни моите очекувања на едно високо ниво.

Јас, како дипломиран економист од областа на маркетингот и магистер по монетарна економија, финансии и банкарство ќе ги препорачам вашите обуки и на други потенцијални учесници кои имаат потреба од зголемувања на своите знаења и вештини.

За крај, Ви посакувам да останете во одлично здравје во овие исклучителни времиња и се надевам дека што е можно поскоро ќе се видиме и на напредниот курс од областа на сметководството. 

Срдечен поздрав и се гледаме во некои побезбедни времиња!

- Н.А. помлад консултант, Ессе Консалтинг ДООЕЛ Скопје

 18.10.2020