21.11

Новини во законот за Данок на добивка

Во Собраниска процедура: предлог на закон за изменување и дополнување на законот за данокот на добивка

Што ќе се применува за 2020 година?

  • трошоците за лабораториски тестови за COVID‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари ГОДИШНО ќе имаат третман на даночно признаен расход;
  • се дозволува донирање на финансиски средства во ДВА спортски субјекти од исти вид на спорт (едниот да е национална спортска федерација);
  • се зголемува прагот за ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход од 3.000.000 на 5.000.000 денари;
  • се подига и проширува прагот на вкупните приходи од 5.000.001 до 10.000.000 денари во кој друштвата имаат можност за избор дали ќе бидат обврзници на годишен данок на вкупен приход или на данокот на добивка;

Што ќе се однесуваат на 2020 и 2021 година?

  • се ослободуваат од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година обврзниците на данок на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID‐19;
  • продолжување на периодот на пренесување на загубата од 3 на 5 години за обврзниците на данокот на добивка кои за 2020 и 2021 година ќе остварат загуба од работењето;
  • укинување на условот за претходно покривање на загубата за 2020 и 2021 година согласно Законот за трговски друштва, за обврзникот да има право да ја пренесе загубата во идните даночни периоди;

Кои новини ќе се применуваат од 2021 година?

  • трошоците за дополнително здравствено осигурување на лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка до износот од ЕДНА просечна меселна бруто плата ќе бидат даночно признаени;

(21.11.2020)