28.08

Алманах Јули 2021/1


Александар

Секогаш спремен за одговор, сконцентриран во секое време, одмерен, културен, влева доверба, сигурен во тоа што го работи. Тоа е Александар.

Што вели тој за обуката во Нова консалтинг?

Неколку клучни збора за обуката:

  • структурирана, но сеопфатна 
  • интерактивна 
  • поставува цврсти темели за градење на кариера 
  • Прецизна 
  • Исплатлива,
  • и уште многу многу…


Ирина

Тивка, одмерена, срамежлива, помалку тремаџика, но со нејзината  амбициозност и упорност гради вистински вредности.

Што вели Ирина за тимот на Нова консалтинг?

Обуката ја следев додека минував низ тежок период. Ви благодарам што ме „разбудивте“ и што со Вашата професионалност и трпение успеав да ја поминам обуката.

Огромната желба на професорката Кристина да нѐ научи и пресретливоста на Марија, претставуваат добитна комбинација за сите оние коишто сакаат да научат нешто ново и корисно.

Прекрасно искуство кое што долго ќе го паметам.


Сара

На прв поглед се чини дека и е досадно или залутала со мислите. Но, не е така. Едноставно, Сара го цени сопственото време, интелегентна  е и исполнителна.

Што вели Сара за обуката за сметководство?

Јас сум Сара Јакупи, живеам во Скопје и работам во сектор финансии во приватна компанија. Пред да почнам со обуката во Нова консалтинг долго време барав: Која би била најефикасна обука да ја посетам со цел за кратко време да се стекнам со знаење кое ми е потребно за мојата работна позиција?

Уште од првот час сфатив дека не сум згрешила со изборот. Со секој изминат ден јас бев побогата со нови знаења. Од првиот до последниот час моето знаење постојано се надоградуваше. Се што е комплицирано ни беше објаснето на едноставен начин на кој секој ќе разбере. 

Последните часови, како што се ближеше крајот на обуката мене ми стануваше се повеќе жал што завршува. 

Мене ми беше чест и задоволсто да учам од професионалец како што е професорката Кристина.

 


Наде

Затворена и срамежлива, но тоа не ја спречува во нејзината реализација и амбиција.  

Што вели Наде за Нова консалтинг?

Искрена благодарност до тимот на Нова Консалтинг за успешната обука која овозможи надоградба на моето познавање на сметководството.

Посебно сум фасцинирана и имам само пофални зборови за главниот предавач Кристина Тилиќ, која на уникатен начин со одмерена строгост, упорност , несебичност и мотивација успеа да ни пренесе огромни знаења.

Препорака за секој кој сака да научи сметководство, да го надогради своето знаење Нова Консалтинг е вистинското место за Вас.

Се гледаме на некоја наредна обука

Стефи

Срамежлива по природа, и иако не сака да се наметнува, нејзиниот труд секогаш успева да ја истакне нејзината вредност.

Што вели Стефи за обуката за сметководство?

Лично сум многу задоволна од обуката. 

Обуката во Нова конслатинг е пример како треба да изгледа обука за сметководство. 

Имавте премногу трпение за нас и енергија за да ни го пренесете сето знаење нам. Ви благодарам пред се. Начинот на предавање ги надмина моите очекувања. Сите ние, ученици, не ни замислувавме дека ќе заминеме со огромно знаење од областа на сметководство. 

Најдобри сте!

Валентина

Желба и жед за повеќе знаење. Цврсто стои на темелите на незјината упорност. Секогаш активна и спремна несебично да го сподели знаењето со другите.

Што вели Валентина за обуката во Нова консалтинг?

Сакам да Ви се заблагодарам за искажаниот професионализам (стручност и трпеливост) со што придонесовте за мој личен и професионален развој.

Ви го изразувам моето задоволство што бев член на групата која Вие ја обучивте и исполнивте со стручен и професионален однос кон работата и професијата. 

Големо БЛАГОДАРАМ!

Еми

Без никакво предзнаење во областа, малку страв од непознатото, Еми декажа дека само со добра цел се постигнува успех.

Што вели Емилија за обуката во Нова консалтинг?

Нова Консалтинг и Едукација, за мене од непознато направи мотивација. 

Со максимална концентрација и внимание, секако многу лесно се доаѓа до нови знаења и образование во областа на сметководство. Професор Кристина неуморно и вешто даде се од себе да ни го пренесе знаењето.


Дата, 28.08.2021

Нова консалтинг и едукација