07.08

Behind every successful business, there is a great accountant!

-Надица Наумовска, сметководител во Дрекслмајер - Кавадарци

Надица верува во нашата професија, убедена е дека патот до одличен сметководител е со труд, знаење и трпеливост: 

Behind every successful business, there is a great accountant!

Благодарам за несебичното споделување на Вашето знаење и позитивната енергија што ја дававте на Вашите - Нашите предавања. 

Концептот на предавањето и материјалите, се совршено подготвени, за да може да научи секој: како почетник во сметководството, така и оној спремен за наддоградување на професионалниот развој. 

Лично јас, сум многу задоволна и ми претставува чест што бев дел од обуката на ПКФ Нова Консалтиг, и истото придонесе да научам повеќе, што ќе ми помогне да го применам на работа и да се снајдам во секоја дилема. 




-Кристина Јовановска 

Почитувана Кристина, Ви благодарам, за пренесеното знаење. Вие сте навистина професионалец во својата работа. Начинот на Вашето пренесување на знаењето Ве прави најдобри.

Комбинацијата од теорија и пракса со многу тестови, домашни задачи од областа на сметководството, и упорноста од Ваша страна за извршување на истите, резултира со позитивни резултати кај нас учениците.

Ги оправдавте сите пофални зборови што ги чув од Вашите предходни ученици, како и од интерен сметководител од фирма со 20 годишно искувство, кој  вели: "Oд обуки за сметководство  ја признавам обуката само на Нова Консалтинг - прeдавањата на Кристина Тилиќ, спој на теoрија и пракса".

Навистина од срце, ми беше чест и задоволство, да ги следам Вашите предавања.


Нова консалтинг, 27.06.2022