14.09

Како инженер може да стане добар сметководител!

-Силвија Гроздановска-Дојчиноски дипл.тех.инг.

Нова консалтинг, Ви благодарам за Вашата компетентност, трпеливост, флексибилност и чувствителност во работењето со тимот, а посебно со мене, за создадената атмосфера на топлина и взаемна помош и Вашиот голем придонес за мојот натамошен професионален развој.

Вашата Нова Консалтинг сега стана моја Нова работа, Нова определба и усовршување на професионален план. Како што знаете јас почнав без никакво книговодствено  предзнаење или поточно од нула, а во текот на овие два месеци научив премногу.

Се надевам дека ќе го оправдам ставот на моите претпоставени кои веруваа дека од еден инженер може да стане добар сметководител  и без двоумење  Ве препорачаа токму Вас за мој едукатор. Во тоа сигурно не погрешија, а јас благодарение на Вас вложив многу време и труд во целата работа и искрено сум пресреќна и не жалам за ниедна потрошена секунда.

Дозволете уште еднаш да Ви се заблагодарам и да Ви посакам пред се добро здравје,среќа, просперитет и енергија за нови успеси. Срдечно Ве поздравувам до нашето следно видување.


07.08.2022, Нова консалтинг