17.05

Сметководство со душа – зборовите на Радица!

Почитувана Кристина,

Најпрво, искрено Ви благодарам за времето и посветеноста кои несебично ги вложивте за време на обуката – токму во периодот на изготвување на завршни сметки, кој е еден од најинтензивните моменти во светот на сметководството и финансиите. И покрај напорните денови, предавањата беа максимално ефективни и практични.

Водењето низ сметководството со Вашиот пристап на работа буквално придонесе за одлична едукација и стекнување на знаење, како и стекнување на самодоверба за понатамошното работење.

Повторувањето на материјалот и објаснувањата низ примери од секојдневието, како и практичната примена на сметководтвените политики навистина го направија учењето забавно и многу полесно за совладување.

Навистина сум благодарна за целиот период на обука, а особено за можноста да учам од Вас – исклучително сериозен професионалец, со огромно знаење и разбирање, не само во областа на сметководството, туку и пошироко. 

Од досегашното мое искуство во бизнис светот можам слободно и искрено да кажам дека не сум сретнала личност со такво ниво на експертиза и посветеност.

Сите пофални зборови и позитивни емоции, со должна почит кон Вас. Се надевам дека повторно ќе имам можност да учам од Вас. Ви посакувам многу успех на професионален и личен план.

Со почит,

Радица Макаров, сметководител во ЈП ЖРСМ Инфраструктура-Скопје