14.12

Сигурноста која ја стекнав ми дава чувство на верба

Коментари од ученици  - 17 11 2018

На оваа обука не се стекнав само со знаење, туку пред се, бев инспирирана, односно охрабрена дека можам да го остварам мојот сон, да започнам сопствен бизнис. Сигурноста која ја стекнав ми дава чувство на верба во себе дека со примена на знаењето и секако поддршка од предавачот, можам да се посветам на отворање на сметководствено биро. 

Бев одушевена колку наставен материјал совладавме низ целата обука со една динамика на предавања кои беа така организирани да не заостануваме ниту еден час. Во ниту еден момент не ми беше досадно за време на наставата и нејзината практична примена. Напротив, секој час бев нетрпелива за новиот материјал, исто онака како што и сега сум во исчекување на напредниот курс.

- Учесник анономен

Обуката допринесе многу за мој личен развој и професионално надоградување во областа на финансиите. Како дипломиран економист на отсек сметководство и ревизија, на оваа обука научив многу работи кои се основни за сметководството, а кои ги немаше во мојата студиска програма. 

Во текот на обуката на мое огромно задоволство се вработив сметководствено-ревизорска компанија што ми овозможи веднаш да го почувствувам бенефитот од стекнатите знаења.

- Моника Ковачевска, друштво за ревизија ТП Рангеловиќ